Потпишан меморандум за соработка

На ден 24.04.2015 година Комората на извршители на Македонија  и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер потпишаа Меморандум за соработка. Целта на Меморандумот е јакнење на соработката поврзана со имплементација на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во сферата на извршувањето.